GEO / AI видливост Содржинско SEO Програматско SEO SEO аудит Локално SEO E-commerce SEO
Услуга · Generative Engine Optimization

Биди одговорот во ChatGPT, Claude и Gemini

GEO е оптимизација за AI пребарувачи. Работиме твојот бренд да биде спомнат, цитиран и препорачан кога клиентите бараат одговор од јазичните модели.

Провери ја AI видливоста→
4AI платформи што ги следиме
100+прашања на клиенти што ги мериме
90дена до +30% сообраќај
МК+ENјазици на оптимизација
01 - Што е GEO

Клиентите не бараат 10 линкови. Бараат еден одговор.

Кога некој ќе праша „Која банка нуди најдобар кредит за мал бизнис во Македонија?“, AI асистентот не прикажува листа - дава препорака. Таа се гради од содржината на твојот сајт, од спомнувањата на други извори и од структурата на твоите податоци.

Класичното SEO те носи на Google. GEO те носи во одговорот. Работиме на двете истовремено, бидејќи AI моделите се потпираат на истите сигнали за доверба.

02 - Знаци дека ти треба GEO

Ако AI не знае за тебе, не те препорачува

01

ChatGPT ги спомнува конкурентите, а тебе не

Пробај сам: прашај за твојата индустрија и град. Ако не си во одговорот, губиш клиенти пред да те најдат.

02

AI дава погрешни информации за тебе

Стари цени, погрешна адреса, услуги што веќе не ги нудиш. Моделите учат од она што го наоѓаат.

03

Органскиот сообраќај опаѓа без причина

AI прегледите на Google одговараат директно во пребарувањето. Помалку кликови стигнуваат до сајтот.

03 - Што е вклучено

Шест столба на AI видливоста

01

AI Visibility аудит

Мериме колку често и како се спомнуваш во ChatGPT, Claude, Gemini и Perplexity за 100+ прашања.

02

Ентитет и бренд сигнали

Конзистентни информации за компанијата низ сајтот, Google профилот, директориумите и медиумите.

03

Содржина за одговори

Страници што директно одговараат на прашањата на клиентите - лесни за цитирање.

04

Структурирани податоци

Schema markup, llms.txt и техничка подготовка за AI пребарувачи.

05

Спомнувања на трети страни

Присуство во медиуми, листи и форуми што AI моделите ги користат како извор.

06

Месечно следење

Извештај за уделот во AI одговорите наспроти конкурентите.

04 - Процес

Од мерење до препорака

Недела 1Основна линијаЛиста на прашања што ги поставуваат клиентите и мерење на моменталната видливост.
Недела 2–4Техничка основаSchema, индексирање, брзина и корекција на погрешни информации за брендот.
Месец 2–3Содржина и спомнувањаНови и преработени страници, објави на трети страни, PR и директориуми.
Месец 4+СкалирањеНови теми, пазари и јазици. Месечно мерење на уделот во AI одговорите.
Кејс студија · Fintech

Од нула видливост до 100+ спомнувања во ChatGPT, Perplexity и Google AI за 9 месеци

+275%органски сообраќај
+2.923%прикажувања
05 - Прашања

Често поставувани прашања

Не. GEO се надоврзува на SEO. AI моделите се потпираат на истите сигнали за доверба како Google, па работиме на двете истовремено.

Првите промени обично се гледаат за 6–12 недели, во зависност од индустријата, конкуренцијата и состојбата на сајтот.

Да. Оптимизираме содржина на македонски, англиски и други јазици за пазарите каде што сакаш да растеш.

Следиме фиксна листа прашања низ ChatGPT, Claude, Gemini и Perplexity и месечно го мериме уделот на твојот бренд во одговорите наспроти конкурентите.

Дознај што кажува AI за твојата компанија.

Бесплатен AI Visibility извештај за 20 клучни прашања од твојата индустрија.

Побарај бесплатен извештај→